Почнуваат Олимписките игри во Рио де Жанеиро

Во Рио де Женеиро денеска почнуваат 31 Летни олимписки игри, на кои ќе учествуваат повеќе од 10.500 спортисти, од 206 членки на Меѓународниот олимписки комитет.

Во Рио ќе се одржат натпревари во 36 различни спортови.

Прв пат на програмата е додадена играта рагби, а голфот по 112 години повторно е вратен меѓу олимписките спортови.

Сите натпревари ќе бидат одржани во Рио де Жанеиро, а како и на претходните игри исклучок е фудбалот кој ќе се игра и во уште пет градови, Сао Паоло, Бразилија, Бело Хоризонте, Салвадор и Манаус.

Првите олимписки игри на тлото на Јужна Америка ќе бидат отворени ноќеска, преносот почнува во 1 часот по полноќ, а се очекува да трае во следните 3,5 до 4 часа. Се очекува отворањето да го проследат 900 милиони гледачи.

Македонија во Рио ќе ја претставуваат пливачите Марко Блажевски и Анастасија Богдановски, џудистката Катерина Николоска, стрелачката Нина Балабан и атлетичарите Дрита Исљами и Ристе Пандев. Четиринаесетчлената македонска експедиција во Рио покрај спортистите ја дополнуваат нивните тренери, односно Владимир Богоевски (спортски директор на МОК) и докторот Зоран Ханџиски. Во Бразил ќе патуваат и првиот човек на МОК и генералниот секретар Васил Тупурковски и Сашо Поповски, но на покана на Интернационалниот олимписки комитет.

Подобрување на личните и државните рекорди е целта на македонските спортисти кои ќе настапат на Олимписките игри во Рио де Жанеиро.

реклама

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Се степале вработени во болница во Карпош

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Останати спортови

Се самоуби тренер обвинет за силување на 15-годишно девојче во САД

Read more

Петер Превц на Планица ја заврши кариерата, од судиите доби оценка 22

Read more

И одбојкарите и одбојкарките ќе играат против Грција за пласман на ЕУРО 2026

Read more

О’Мали ја одбрани титулата во УФЦ

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе