Почувствуван нов земјотрес во Скопје

Потрес со магнитуда од 3,0 по Рихтер е почувствуван синоќа во 01.32 часот во Скопје, според францускиот Европско-медитеранскиот сеизмолошки центар (EMSC).

Епицентарот на најновиот земјотрес кој ги вознемири жителите на македонската престолнина веќе трета ноќ по ред, е во пограничниот регион меѓу Македонија, Србија и Косово, на околу шест километри североисточно од Скопје, на длабочина од 5 километри.

Истовремено се смета дека овој потрес е дел од серијата од стотина земјотреси кои се регистрирани во Скопје и околината од првиот потрес во неделата наутро пред 7 часот.

Ова е прв поголем потрес од вторникот утрото, кога единствено беше забележан земјотрес од 1,5 степени во 08.11 часот.

Последниот посилен потрес, кој ги вознемири граѓаните беше оној што се случи во 19.53 часот во понеделник, со јачина од четири Рихтерови степени и со епицентар на пет километри од Радишани. Тоа беше втор по јачина земјотрес по неделниот, кој беше со јачина од 5,3 Рихтерови степени, а по кој имаше серија од десетина земјотреси.

Сеизмолозите велат дека станува збор за афтершокови и оти никој не може да предвиди дали и кога ќе се случи друг земјотрес.

Првиот од низата беше регистриран во неделата во 7 часот со јачина од 4,4 степени според Рихтер. Најсилниот, пак, е регистриран истиот ден во 15.10 часот со магнитуда од 5,3 степени по Рихтер.

Во понеделникот вечерта во Скопје и околината беа почувствувани два последователни земјотреса во 19.53 часот, првиот со магнитуда од 2,4, а вториот од 4 степени според Рихтеровата скала.

Претходно во текот на денот, два потреса беа регистрирани во 11.50 и 14.19 часот со магнитуди од 2,3 и 3,7 степени според Рихтеровата скала.

Сите потреси се во скопското епицентрално подрачје.

 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Со едноставен водоводџиски трик ослободете се од смрдеата од одводот

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Во Таџикистан уапсени 9 лица поврзани со масакрот во Москва

Читај повеќе

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе