Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, утрово регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.
Земјотресот се случи во четири часот и 55 минути, со Рихтерова локална магнитуда 1.6.
Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.