Бизнис

Поднесена првата приватна тужба до Boeing за уривањето на 737 Max

11. април 2019 - 18:02 | МИА

Првата приватна тужба поврзана со несреќата со авион 737 Max на Boeing во Етиопија денеска беше поднесена во суд во САД, јави агенцијата Итар-Тасс.

Според Игор Трунов, адвокат кој ги брани интересите на жртва во трагедијата чии роднини се од Канада, се подготвуваат тужби на уште 15 семејства на загинати.

-Првата тужба до компанијата Boeing за отштета е поднесена во суд во округот Кук во Чикаго. Висината на побараната отштета изнесува 50 милиони долари, изјави адвокатот.

Тужбата е поднесена од семејството на загинатиот 54-годишен Дерик Љуги, претседател на Фондацијата на кениските граѓани во Калгари член на одборот на директори на компанијата Abingo Asocation Canada. Тој беше татко на три деца.

Како што е веќе познато, патнички авион Boeing 737 Max 8 на авиокомпанијата Ethiopian Airlines на 10 март се урна во Близина на Адис Абеба при што загинаа сите 157 лица во летот. Неколку месеци претходно, поточно лани на 29 октомври, истиот модел на авион се урна во крајбрежјето на Индонезија, кога загинаа сите 189 патници и членови на екпажот.

По катастрофата во Етиопија, сите земји во светот забранија прелети на овие авиони во нивните воздушни пространства. Компанијата во март не продаде ниту еден Boeing 737 и го намали производството за 20 отсто.

Многу авиокомпании побараа од Boeing компензација за лежарина на своите 737 Max авиони . Еден од акционерите на авиокомпаниите ја даде на суд со образложениа дека во Boeing криеле за проблемите со авионите од овој модел.

Коментирај