Поднесени обвиненија за Груевски, Јанакиески и Грујевски

Специјалното јавно обвинителство денеска поднесе две обвиненија за уништување на списи поврзани со работата на системите за следење на комуникациите и за насилните протести што се случија во јули 2013 година во скопската општина Центар.

Овинителката Фатиме Фетаи која ги презентираше случаите не ги кажа јавно имињата на лицата кои се опфатени во двете обвиненија, но од она што е достапно за јавноста, може да се заклучи дека во првиот случај, односно за уништувањето на списите, првообвинет е шефот на Петтата управа при Управата за безбедност и контраразузнавање, Горан Грујевски, и шестмина службени лица вработени во УБК, додека во вториот случај првообвинет за поттикнување на насилство е поранешниот премиер и сегашен лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски, Миле Јанакиески, и други високи функционери на власта. 

Пет лица се обвинети за поттикнување на насилство, а девет лица се обвинети како директни извршители на насилните протести во Општина Центар. 

Двата предмета се нови, работени по скратена постапка, бидејќи Обвинителството имало доволно докази за да изготви обвиненија и да ги достави до Кривичниот суд. 

Нема мерки за обезбедување на обвинетите бидејќи истрагата е целосно завршена.

Уништувањето на списите за работата на системите за прислушување е поврзано со предметот „Тврдина“ којшто беше јавно презентиран, но овие два предмета не се исти, бидејќи во предметот „Тврдина“ на осомничените им се става на товар уништувањето на системите за прислушување.

Во „Тврдина“ осомничена е и поранешната министерка за внатрешни работи, Гордана Јанкулоска, а во предметот за којшто СЈО поднесе обвинение, Јанкулоска не е обвинета. На првообвинетиот, Грујевски му е одземен пасошот како мерка за претпазливост за предметот „Тврдина“.

„Од доказите произлезе дека првообвинетиот во својство на службено лице во Петтата управа во Управата за безбедност и контраразузнавање незаконски формирал комисија за уништување на документација и заедно со шест членови на комиисјата уништиле 2.047 службени списи, од кои 22 се однесуваат за системите за следење на комуникациите. Според доказите првообвинетиот издал усна наредба за формирање на комисија за попис и годишно уништување на мтеријали иако законот не го дозволува тоа. Целта на фомирањето на комисијата била да бидат уништени сите списи повбрзани со работата на системите за следење на комуникациите покрај уништувањето на самите системи кое беше елаборирани на во „Тврдина“. Во списите имало и класифицирани документи и целото уништување е направено спротивно на законските и подзаконските акти и обвинетите службени лица наместо да ги дадат списите на правно лице кое е задолжено за уништување на спистие, без никаква процедура ги запалиле списите на локација која им била посочена од обвинетот“, изјави Фетаи.

Седумтемина обвинети се товарат за кривичното дело фалсификување на службена исправа.

Во првиот случај обвинетите се поврзани со неовластеното следење на комуникациите, а за вториот случај надлежноста на ова обвинителство произлегува од содржината на прислушуваните разговори. 

Овој телефонски разговор беше и јавно објавен, а го водат Груевски и Јанакиески кои ги организираат протестите во општина Центар.

„Подготви го Мартин и Суле да спремаат од утре да маваме... Во петок ќе му собереме 2.000 луѓе пред Центар, дел ќе си влезат и внатре, нели имаат право граѓани да влезат. Па да видиме, да размислиме, дали еден да стане и три - четири јаки шамари да му врзе пред сите. Не може ништо да му се направи (на сторителот, н.з), нема тешка телесна повреда тука за кривична, има само за прекршочна“, му вели Груевски на Јанакиески во снимениот разговор. 

Во јуни 2013 година во општина Центар беше закажана седница на општина Центар за поништување на повеќе Детални урбанистички планови меѓу кои и ДУП-от „Мал ринг“. Спред доказите на СЈО, Груевски, Јанакиески и други високи функционери го поттикнале членството на ВМРО-ДПМНЕ да организраат насилни протести и да извршат насилство врз градоначалникот на општина Центар, Андреј Жерновски и членовите на советничката група на СДСМ.

Групата била организирана заради наводно рушење на црквата „свети Константин и Елена“, точка која воопшто не била на дневен ред на седницата. Според СЈО, вистинските причини за организирање на протестите биле лукративните мотиви на Груевски и бизнис интересите на партијата на власт.

Во насилните протести во Центар беа скршени сите прозорци на бараката каде се одржуваше седницата, а едно лице беше повредено. Како сведок во СЈО изминатите период се појави и Жерновски. И за двата случаи СЈО очекува осудителни пресуди, но до попладнево обвиненијата не се стигнати во Основниот суд Скопје 1. 

„Патот до правдата е еден. Тој не трпи компромиси во корист на едни, а на штета на други. Не препознава други поделби освен на лица за кои постојат докази дека се сторители и за лица за кои не постојат докази. Нема да има ниту привилегирани, ниту неправедно осудени“, порача Фетаи на крајот од обраќањето.

реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Суперсоничниот авион на Boom доби дозвола за суперсоничен пробен лет

Read more

Македонија

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Read more

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Read more

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more
 

Вести

Хрватска поради платата е привлечна за балканските работници

Читај повеќе

Денеска е Ден на македонскиот јазик

Читај повеќе

Апасиев: Македонската платформа е единствениот спас од опасноста за федерализација на државата

Читај повеќе

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе