Лукас Подолски на совршен начин стави крај на репрезентативната кариера: во 69. минута го постигна единствениот гол на пријателскиот натпревар помеѓу Германија и Англија.
Подолски по 130 натпревари и 49 постигнати голови се збогува со националниот тим на Германија, со кој во 2014 година ја освои светската титула.
Подолски со капитенската лента ја предводеше репрезентацијата до победата над Англија.
Тој го постигна единствениот гол на натпреварот, откако по додавањето од Ширле, од 20-тина метри испрати вистински проектил во горниот десен агол на голот кој го бранеше Џо Харт.