Мобилни

Поевтиниот и потенок смартфон на преклоп на Samsung ќе стигне во 2020

5. септември 2019 - 10:09 | А.С.

Samsung конечно ќе го пушти во продажба својот смартфон на преклоп Galaxy Fold, а уште сега се зборува за вториот уред на преклоп што треба да се појави следната година.

Bloomberg објави дека новиот смартфон на Samsung ќе има 6,7-инчен дисплеј што ќе може да се расклопи и да се склопи и лесно да се носи во џеб.

Овој уред ќе биде поевтин и потенок од Galaxy Fold, кој ќе чини 1.980 долари. На внатрешната страна ќе има еден отвор за камера, а на надворешната ќе има две камери. Samsung наводно соработува со дизајнерот Том Браун за да го направи овој уред попривлечен за луѓето кои не „лудуваат“ по гаџети.

Овој уред се очекува да биде сличен на смартфонот на преклоп Motorolа RAZR што го развива компанијата Lenovo и треба наскоро да се појави на пазарот.

Bloomberg објави дека Samsung тестира ултратенко свитливо стакло за внатрешниот екран што ќе се користи во изработката на новиот смартфон. Galaxy Fold користи флексибилен пластичен екран обложен со тенок заштитен полимерски слој.

Во април Samsung го одложи пуштањето во продажба на Galaxy Fold поради проблеми со екранот и се одлучи за редизајн за да се заштити 7,3-инчниот внатрешен екран. Заштитниот слој што некои корисници поради незнаење го отстрануваа сега е помалку воочлив.

Коментирај