Поевтинува Еуросупер БС-95, цената на другите горива останува иста

МИА
/ 06.07.2020 / 12:45

Скопје, 6 јули 2020 (МИА) – Цената на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 од ноќеска на полноќ се намалува за половина денар, а Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) поскапува за половина денар по литар, додека цените на  ЕУРОСУПЕР БС-98 и на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) не се менуваат, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ). Со одлуката се врши зголемување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 0,15 отсто.

Новата малопродажна цена на бензинот ЕУРОСУПЕР БС-95 ќе изнесува 60,5 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 и ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и понатаму ќе се продаваат за 63, односно 52,5 денари за литар, а со новото поскапување цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) ќе се изедначи со ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и ќе чини 52,5 денари за литар.

Со одлуката на РКЕ  за 0,156 денари за килограм се зголемува и малопродажната цена на мазутот М-1 НС и ќе изнесува 25,980 денари.

Како причина за промената на малопродажните цени на нафтените деривати од РКЕ ги посочуваат за 0,836 отсто пониската просечна референтна цена на бензинот на светскиот пазар во последните седум дена и за 1,716 отсто повисоката цена на екстра лесното масло, како и за 0,071 отсто повисокиот крус на денарот во однос на доларот. 

реклама

3 симптоми на недостаток на витамин Б12 што се забележуваат при јадење

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Кардиолозите открија кој протеин е најдобар за здравјето на срцето

Read more
 

Ново

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

По обидот за атентат словачкиот премиер Фицо е надвор од животна опасност

Читај повеќе
  • play_arrow

Ројс со пиво почести 80.000 навивачи

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе

До среда нестабилно време со дожд и грмежи

Читај повеќе

Во сообраќајката на Водњанска во Скопје со повреди завршија 7 лица

Читај повеќе

Шкупи остана без излез во Европа, па удри по претседателот на ФФМ

Читај повеќе

Под сомнение за планирање терористички напад во Австрија уапсено е малолетно девојче од Црна Гора

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе