Погба со остри критики за соиграчите: Не сте доволно добри за овој дрес

Светскиот шампион Пол Погба не е навикнат да губи, а посебно не онака засрамувачки како што загуби викендов од Евертон. Поразот од 4:0 го натера Французинот да го истури гневот над неговите соиграчи, па се реши да упати остри критики и забелешки кон нив.

Тимот на Манчестер Јунајтед остава зад себе многу лош период, откако во една недела беше елиминиран од Лигата на шампионите и доживеа катастрофален пораз од 4:0 од Евертон во Премиер лигата.

„Лошо е да се изгуби натпревар, но најлошо е да се изгуби на таков начин. Навистина го почитувам Евертон, но начинот на кој игравме претставува непочит за дресот на Манчестер Јунајтед, бидејќи не се почитувавме ниту себеси, ниту навивачите, ниту клубот. Кога играте за овој клуб, тогаш веројатно сте го заслужиле тоа во кариерата, но морате да го почитувате дресот. Не сакам да бидам остар ама одредени играчи на Манчестер Јунајтед покажаа дека не се доволно добри за да го носат овој дрес“, рече Погба.

Не е познато на кого се однесуваше критиката од изјавата на Пол Погба, но освен него, уште неколку играчи значително потфрлија во натпреварот против Евертон. Ромелу Лукаку, Фред и Давид Де Геа имаа бледо издание во неделата, а Немања Матиќ дури се издвои себеси како главен виновник за поразот.

Следен натпревар за Манчестер Јунајтед е градското дерби против Манчестер Сити, кое доаѓа во многу незгоден момент за двата тима. Црвената страна на Манчестер се бори за пласман во Лигата на шампионите, додека сината страна на градот се надева на нова титула во домашното првенство и мора да победи на сите натпревари до крајот на сезоната доколку сака да ја обезбеди истата.

„Не знам како да се искупиме, но сигурен сум дека еден од начините е секогаш да го даваме максимумот на теренот, макар и да загубиме на крајот. Навивачите го ценат дресот и грбот на овој клуб, а ние сме должни да ја покажеме истата почит кон нив. Се извинувам поради очајната игра против Евертон, која не смееме да ја повториме никогаш повеќе“, истакна Погба.

Натпреварот помеѓу Манчестер Сити и Манчестер Јунајтед е на програмата утре (среда), со почеток од 21:00 часот.

реклама

Фудбал

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Read more

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Read more

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Read more

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Read more
 

Спорт

Дали судот ќе одлучува за фантомскиот гол на Јамал?

Читај повеќе

Шпанскиот суд ја замрзна сметката на Пике

Читај повеќе
  • play_arrow

Арсенал ја продолжи борбата за тројната круна со најголемата победа против Челси во својата историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Поранешен играч на Реал беше милионер, сега се занимава со необичен бизнис за да преживее

Читај повеќе

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Читај повеќе

Лапорта: Можеби ќе побараме преигрување

Читај повеќе

Тројцата исклучени во дербито ги дознаа казните

Читај повеќе

И Аргентинец ќе суди на ЕУРО 2024

Читај повеќе

Две причини зошто Чави ја преиспита одлуката да остане на Камп Ноу

Читај повеќе