Поглед од најдолгиот висечки мост во светот (Видео)
На висина од 85 метри, во швајцарскиот град Ранда е отворен најдолгиот висечки мост во светот. Долг е 500 метри и се протега над кањонот Грабенфугер и веќе е атракција што привлекува туристи.
Мостот Europabrucke (Европски Мост) не е препорачлив за луѓе што се плашат од висина, но е идеален за луѓето кои сакаат планини и адреналин бидејќи има прекрасен поглед на планинскиот врв Матерхорн.