Актерката Глен Клоуз е тројна добитничка на Златен глобус и Тони наградите, а може да се пофали и со импресивен дом во гратчето Бедфорд, во близина на Њујорк.
Славната актерка го продава домот за 3,6 милиони долари. Станува збор за 109-годишна селска куќа, со базен и голем имот, опкружена со густа шума.
Освен главните простории, новиот сопственик на располагање ќе има и четири спални соби, пет бањи, штала и гостинска куќа.