Погледнете го спотот за новата песна на Елвис Присли со Кејт Мос во главната улога
Објавен е вториот постхумен албум на рокенрол легендата Елвис Присли, со неговите вокали и музика од лондонскиот филхармониски оркестар, насловен „The Wonder of You“.Во спотот за титуларната песна, главната улога ја има британската моделка Кејт Мос - манекенка добро позната во рокенрол светот.
Албумот е втората постхумна соработка на Елвис со лондонскиот филхармониски оркестар, по „If I Can Dream“ од 2015 година. И двата албуми се состојат од песни што се комбинација од вокални снимки од архивите на Елвис, заедно со музика отсвирена од оваа филхармонија.