Филм & ТВ

Погледнете го трејлерот за биографскиот филм за младиот Обама

23. ноември 2016 - 9:32 | И.М.

Носталгијата за досегашниот американски претседател Барак Обама се чувствува насекаде во САД, а претстојниот биографски филм за него го потврдува тоа.

„Barry“ е биографскиот филм за младиот Барак Обама, во продукција на Netflix, чиј трејлер штотуку беше објавен. Филмот ќе ги опфати младите години од животот на Обама, поточно неговите студентски денови во раните 80-ти години.

Девон Терел го глуми 20-годишниот студент Обама, кој се соочува со проблеми со идентитети како дете од мешана раса, во „бело“ опкружување.

Филмот имаше своја премиера на филмскиот фестивал во Торонто, а ќе почне да се прикажува на Netflix на 16 декември.

Погледнете го трејлерот:

Loading the player...

 

Коментирај