Погледнете го трејлерот за „John Vardar vs. the Galaxy“ - првиот македонски долгометражен анимиран филм

Објавен е првиот тизер трејлер за „John Vardar vs. the Galaxy“, првиот  македонски долгометражен анимиран филм, дело на македонската компанија Lynx Animation Studios.

„John Vardar vs. the Galaxy“ ќе ја раскаже приказната за главниот херој Џон Вардар, кој ќе биде киднапиран од вонземјани, по што ќе заврши со најмоќното оружје во универзумот, во неговата глава: сè што ќе помисли, станува реалност.

Идејата за „John Vardar vs. the Galaxy“ се родила уште во 2009 година, од серија цртежи на Михајло Димитриевски - Тхе Мичо, кој е уметнички директор на овој проект.

Режисер и сценарист на филмот е Гоце Цветановски - еден од најекспонираните автори на кратки филмови и автор на музички спотови во Република Македонија, со преку 100 фестивали во портфолиo, кoи ги прикажувале неговите кратки филмови. Сега го води креативниот сектор на Lynx Animation Studios. Директор на анимација на филмот е Бенџамин Хотон.

Филмот во моментов е во фаза на пред-продукција, a со продукција ќе се почне во jануари 2017 год. Датумот на завршување се очекува да биде декември 2019 година.

„Ќе се прикажува во сите домашни кина, како и во странство, благодарение на ко-продуцентите од Франција, Германија, Украина и Бугарија. За фестивали е сè уште e рано да се зборува, поради тоа што е толку далеку финалниот продукт“, велат од Lynx Animation Studios, на тема прикажување на филмот. 

Анимираниот филм е замислен како забавна вселенска опера за целото семејство, која со нетрпение ја очекуваме.

Погледнете го тизер трејлерот за филмот:

 

 

 

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Филм & ТВ

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Read more

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Три популарни филмови кои Бред Пит не сакал да ги снима

Читај повеќе

Елизабет Бенкс и Џесика Бил глумат сестри во новата трилер серија на Amazon

Читај повеќе
  • play_arrow

Скопје ќе биде домаќин на Светското првенство во хип хоп

Читај повеќе
  • play_arrow

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Читај повеќе

Како изгледа денес Роуз која го демнеше Чарли во Two and a Half Men

Читај повеќе

Пенелопе Крус важи за една од најубавите актерки, со години е на посебна диета

Читај повеќе
  • play_arrow

Новиот Lion King ја раскажува приказната за Муфаса

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • filter

28 април 1980 – родена е македонската поп-ѕвезда Каролина Гочева

Читај повеќе