Погледнете го трејлерот за „Zombieland 2: Double Tap“
Објавен е нов трејлер за зомби апокалипсата „Zombieland 2: Double Tap“, продолжение на хитот „Zombieland“ од 2009 година.
Во првиот дел видовме како течеше трансформацијата во зомби, а во вториот дел се претставени преживеаните од апокалипсата и еволуираните зомби кои се потешки за убивање.
Во главните улоги се појавуваат Џеси Ајсенберг, Абигејл Бреслин, Ема Стоун, Вуди Харелсон и други. Премиерата е закажана за 18 октомври.