Романците го отворија својот „Голден гејт“

Погледнете како изгледа третиот по големина висечки мост во Европа

Романските власти денеска официјално ќе го отворат за сообраќај висечкиот мост на Дунав, кој со тоа ќе стане трет по големина во Европа.

Мостот Браила, кој Романците веќе го нарекоа романскиот „Голден Гејт“, чинеше 500 милиони евра, а на свеченото отворање ќе присуствува и романскиот претседател Клаус Јоханис.

„Мостот Браила е највисоката и најскапата градба во Романија од 1989 година. Работата на мостот траеше речиси пет години, а официјално започна во 2018 година. Три години подоцна беше завршена изградбата на потпорните столбови високи 192 метри и почна поставувањето на потпорните кабли“, пишува романски Digi24.

Медиумите во оваа земја се занимаваа и со други детали за мостот, а беше констатирано дека т.н сидрени кабли со тежина од околу 6.700 тони.

„Тие се произведени од јапонска компанија и имаат гаранција од 120 години. Вкупната должина на искористените кабли е 80.000 километри, што е доволно за двапати да се заокружи Земјата“, објасни тој.

Remote video URL

Со вкупна должина од 1.975 метри, мостот Браила е најдолг во Романија и трет најдолг висечки мост во Европа. Истовремено, овој мост ќе ја поврзува Молдавија со истокот на Романија и според прелиминарните проценки низ него секојдневно ќе поминуваат 5.000 автомобили.

По повод отворањето на мостот, министерот за транспорт Јонел Скриостану зборуваше за деталите од целиот проект.

„Мостот е дизајниран да има работен век од 120 години. Ќе има центар за мониторинг и контрола кој трајно ќе ја снима состојбата на мостот. На важни точки на мостот се инсталирани преку 50 сензори. Со цел да се обезбеди издржливост и висока антикорозивна заштита, воздухот на мостот ќе се суши, а релативната влажност ќе се одржува под 40 проценти“, објасни министерот.

Исто така, она што е интересно, Романците нема да плаќаат патарина при преминувањето на овој мост првите пет години.

За изградбата на овој мост се потрошени 52.360 тони челик и 297.000 тони бетон. Кога станува збор за цената на проектот, изградбата на висечкиот мост се проценува на 485 милиони евра, во кои е вклучено проектирањето и изградбата на мостот.

Мостот Браила ќе има четири ленти, ленти за итни случаи, патеки за пешаци и велосипеди. Од двете страни на мостот беа изградени два пристапни вијадукти долги 110 метри.

Remote video URL
реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Архитектура

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Read more

Топ 20 мегапроекти што ќе бидат завршени во 2024 година

Read more

Тоне еден од најголемите градови во светот

Read more

Со бетон што апсорбира CO₂ изградена куќа во Јапонија

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе