Голот кој е прогласен за надобар во сезоната го постигна Лионел Меси против Рома на „Камп Ноу“. Овој гол на Аргентинецот добил 215.417 гласови, односно 34 отсто од гласовите за „Гол на сезоната на УЕФА“.
Втор во изборот е голот кој футсал репрезентативецот на Португалија, Рикардињо, го постигна на ЕП против Србија, кој освои 13 отсто од гласовите, а трет голот на Џердан Шакири во осминафиналето на ЕУРО 2016, односно на натпреварот Швајцарија-Полска.
Погледнете го голот:
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=t1Y7N5LDtek]