Похувани палачинки со фил од компир

Едноставно јадење од евтини состојки со фантастичен вкус. Похуваните палачинки се одличен предлог за ручек или вечера.

Палачинките се стар и евтин деликатес кој се јаде уште од дамнина. Порано се полнеле со шеќер или се премачкувале со џем, а денес има толку многу различни филови што не знаете кој да го изберете. Без разлика дали станува збор за солени или благи, тие се омилени на сите, а наш предлог денес се похувани палачинки полнети со пире од компири.

Потребни состојки:

  • 3 јајца
  • 1 лажичка шеќер
  • 500 мл млеко
  • 200 гр брашно
  • 2 лажици сончогледово масло
  • сол

За филот:

  • 900 гр компири
  • 1 кромид
  • 2 лажици маслиново масло
  • 1 црвена бабура
  • младо кромитче
  • 100 гр тврдо сирење
  • сол
  • бибер

За похувањето:

  • 3 јајца
  • 3 лажици брашно
  • презла
  • путер

Подготовка:

Компирите сварете ги, па процедете ги и изгмечете ги. Потоа на малку масло во тавче пропржете ситно сечкан кромид, а кога малку ќе омекне додадете сечкана пиперка. Зачинете со сол и бибер, па измешајте. Покријте и оставете да се готви уште 5-7 минути. Додадете ги во пирето заедно со сечкано младо кромитче и рендано сирење. Сè добро соединете.

Јајцата се изматате ги со прстофат сол и шеќер, па сипете млеко. Соединете и додадете брашно, па повторно изматете. На крајот додадете масло и соединете. Испржете ги палачинките.

Ставете го филот врз секоја палачинка и виткајте ги (како на видеото подолу). Правете така додека не ја потрошите целата смеса.

Изматете ги јајцата и додадете го брашното, па соединете. Во друг сад ставете презла. Валкајте ги палачинките во јајца со брашно, па во презла. Пржете ги во растопен путер.

Remote video URL
Тагови
реклама

Далиќ: Македонија вечерва ќе ја глуми Албанија

Read more

Од полноќ нови цени на бензинот и дизелот

Read more

5 намирници богати со јаглехидрати што треба да ги јадете ако сакате да ослабете

Read more

Хабиб му пријде на Трамп и побара да стави крај на војната во Палестина - доби ветување

Read more

Рецепти

Наједноставен рецепт за мрзлива пита со вишни

Read more

Најдобриот рецепт за грчка компир салата

Read more

Тајната на најдобриот домашен леб се крие во една состојка

Read more

Направете фалафел, евтино јадење за целото семејство

Read more
 

Магазин

Како да му помогнете на детето да не се плаши од вода?

Читај повеќе

Што го покачува лошиот холестерол?

Читај повеќе
  • filter

Голема еко-акција на СКОПСКО во Охрид: Собрани 120 метри кубни отпад и исчистени 6 локации

Читај повеќе

Најдобрата конзервирана храна што може да ја јадете за појадок

Читај повеќе

Њујорчани со магнет барале богатство, oд езеро извлекле сеф со 100.000 долари

Читај повеќе
  • play_arrow

Со еден трик направете совршено меко варени јајца

Читај повеќе

Грицкањето ви го саботира слабеењето? 4 трика како да му ставите крај

Читај повеќе

Популарна диета за 23% го намалува ризикот од прерана смрт

Читај повеќе
  • play_arrow

Мечка упаднала во куќа во Калифорнија и излегла со колачиња

Читај повеќе