Полицаец почина од срцев удар додека навивачите се тепаа по улици во Билбао

Полицаец почина за време на судирите меѓу навивачите на Атлетик Билбао и Спартак Москва пред натпреварот од Лига Европа на „Сан Мамес“ во Билбао.

Припадникот на полициската служба на Баскија наводно починал од срцев удар.

Повеќе од 500 полицајци беа ангажирани за обезбедување на натпреварот и уапсени се најмалку пет лица во немирите.

„Сочувство до колегите, роднините и пријателите на починатиот полицаец на должност“, соопшти полицијата на Билбао.

По завршувањето на натпреварот, клубот Атлетик Билбао на својот профил на Twitter напиша:

„Клубот Атлетик најостро го осудува насилтвото што се создава околу фубалските натпревари.“

На видеата од насилните судири на улиците на Билбао се гледа како навивачите се тепаат и палат огномети и други пиротехнички средства.

УЕФА исто така најостро го осуди насилството.

Судирите се случија истиот ден кога Русин, по кого имаше потерница бидејќи нападна англиски навивач за време на немирите за Европското првенство 2016 во Марсеј, беше уапсен во Минхен додека патувал кон Билбао за да го гледа натпреварот.

Шпанскиот премиер Маријано Рахој исто така изрази сочувство за починатиот полицаец и го осуди насилството.

„Сакам да изразам благодарност кон полициската служба на Баскија за нивните напори да ги заштитат оние кои знаат како да уживаат во спортот“, објави тој на Twitter.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Вештачка интелигенција управуваше борбен авион против човечки пилот

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Фудбал

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Read more

Баерн извиси

Read more

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Read more

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Read more
 

Спорт

Манчестер Сити пред мегатрансфер – тргна по еден од најскапите во светот

Читај повеќе

Баерн извиси

Читај повеќе

Познати полуфиналните двојки од Европската и Конференциската лига, кошмарна сезона за Англичаните

Читај повеќе

Зошто Пеп ги извади најдобрите изведувачи на пенали во продолженијата?

Читај повеќе

Де Роси ќе остане тренер на Рома и во следната сезона

Читај повеќе

Двајца играчи на Реал побарале да не шутираат пенал, едниот се плашел од Едерсон

Читај повеќе

ФФМ и федерациите од регионот му дадоа безусловна поддршка на Чеферин

Читај повеќе

Откриено зошто Денвер го избрал Јокиќ наместо Нуркиќ во 2017

Читај повеќе

Роналдо го сотре бившиот клуб

Читај повеќе