Полицаец Vs. крадец: Кој е побрз?
Јапонија важи за безбедно место за живеење, но се разбира дека постојат и исклучоци. Објавено е видео во кое еден осомничен за кражба бега од полицаец.
Видеото е снимено во Сапоро, во моментот кога маскиран крадец се обидел да ограби златарница, но на местото на настанот веднаш пристигнал полицаец по што крадецот избегал. Нивната драматична бркотница е снимена и изгледа како филмска сцена.