Свет

Полицаецот кој се обиде да го уапси синот на Ел Чапо убиен со 155 куршуми

8. ноември 2019 - 15:21 | М.С.

Мексиканскиот полицаец кој учестуваше во апсењето на синот на нарко дилерот Хоакин Ел Чапо Гузман е убиен со 155 куршуми во брутален напад на паркингот пред шопинг центар.

Непознатите сторители се појавија во црвен автомобил и го нападнаа полицаецот откако тој го паркираше автомобилот на паркингот пред шопинг центар во Мексико.

Телото го оставиле во неговиот Nissan и побегнале.

Ова брутално убиство се случи неколку дена откако беше уапсен синот на Ел Чапо, Овидио Гузман Лопез. Полицајците беа принудени да го ослободат, бидејќи неговите луѓе почнаа да пукаат.

Полицаецот кој е убиен има 32 години, а полициски службеник станал пред шест години. За него се зборува дека бил добар колега, човек, татко и маж кој чесно ја извршувал својата работа.

Коментирај