Музика

Полицијата го идентификуваше убиецот на раперот Нипси Хасл

2. април 2019 - 16:43 | К.З.

Веста дека раперот и визионер Нипси Хасл беше убиен во Лос Анџелес набрзо се прошири низ целиот свет, а тоа ѝ помогна на полицијата побрзо да го открие неговиот убиец. Се работи за 29-годишен припадник на банда, кој испукал шест куршуми во раперот.

Напаѓачот е идентификуван како Ерик Холдер (29), a полицијата стигна до неговото име благодарение на сведоштвата на очевидците кои го виделе инцидентот.

Детективите открија дека веднаш по убиството, Холдер се качил во неговиот автомобил Chevrolet Cruze со регистарски таблички 7RJD742 и избегал од местото на настанот. Според информациите од полицијата, со автомобилот управувало засега непознато женско лице.

Покрај раперот Нипси Хасл (државно име Ермијас Асгедом), во престрелката беа повредени уште две лица. Аутопсијата покажа дека раперот починал од куршумите кои го погодиле во главата и торзото.

Нипси Хасл беше номиниран за Греми награда во 2018 година, кога го претстави неговиот албум „Victory Lap“. Тој беше добро познат во Лос Анџелес и на целиот западен брег на САД, не само како артист, туку и како поддржувач и борец за образование, претприемништво и подобри услови за маргинализираните групи во земјата.

Коментирај