Останати спортови

Полицијата објави снимка од апсењето на Тајгер Вудс (Видео)

1. јуни 2017 - 9:08 | А.С.

Полицијата на Флорида објави снимка од камера во полициско возило на која се гледа апсењето на голферот Тајгер Вудс.

Вудс бил најден како спие во неговото возило, а откако се разбудил полицајците му рекле да оди по права линија, што тој не успеал да го направи.

Потоа му рекле да ја каже азбуката без да пее. Полицаецот го прашува дали разбрал што се бара од него, а Вудс на тоа одговорил дека му е наредено „да не ја пее химната наназад“, со што покажал дека е потполно дезориентиран.

Полицајците потоа го приведуваат и го носат во притвор.

Вудс рекол дека причината за дезориентираноста била неочекувана реакција на лекови против болка што ги земал по операцијата на грбот.

Коментирај