Политиката ги засени кинеските Оскари

Политички контроверзи го одбележаа доделувањето на наградите Златен коњ кои се сметаат за пандан на Оскарите во Кина.

На 55-тото доделување на наградите што се одржа во главниот град на Тајван, Тајпеј, режисерката на документарецот што ја освои главната награда во нејзиниот говор рече дека се надева дека наскоро ќе биде признаена независноста на Тајван.

Коментарот на режисерката Фу Је наиде на остри реакции од актерските ѕвезди од континентална Кина, а свое мислење даде и претседателот на Тајван.

Статусот на Тајван е чувствителна тема. Островот има свое државно уредување од 1949 година, но Кина го смета за отцепена провинција што еден ден ќе се обедини со останатата територија.

Фу, чиј документрец „Our Youth in Taiwan“ е за движењето Сончоглед во 2014 година, рече: „Се надевам дека нашата земја еден ден ќе биде признаена и третирана како навистина независен ентитет. Тоа е мојата најголема желба како Тајванка“.

Ту Мен, претходен добитник на наградата за најдобар актер, дополнително ја вжешти ситуацијата кога рече дека е почестен што доделува награда во „Кина, Тајван“, фраза на која се противат многу Тајванци.

Следниот ден се огласи тајванскиот претседател Цаи Инг-вен кој рече дека Тајван никогаш не ја прифатил фразата „Кина, Тајван“ и никогаш нема, бидејќи „Тајван е Тајван“.

реклама

Три уреди во домот што никогаш не треба да се исклучуваат од струја

Read more

Откриена најголемата змија што некогаш живеела на Земјата

Read more

Едно цвеќе е идеално за балконите кои повеќе се во сенка

Read more

Симптоми на висок крвен притисок кои се јавуваат за време на спиењето

Read more

Филм & ТВ

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Read more

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Read more

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Read more

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Првиот трејлер за Deadpool & Wolverine ги одушеви фановите

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто Netflix ги укинува сериите што ги сакаме?

Читај повеќе
  • play_arrow

Џон Траволта и Николас Кејџ ќе снимаат продолжение на култниот Face/Off

Читај повеќе
  • play_arrow

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow
  • filter

Дејвид Бекам ги обедини „Спајс грлс“ за роденденот на Викторија

Читај повеќе

Леонардо Дикаприо го игра Френк Синатра во новиот филм на Скорсезе

Читај повеќе

Повторно зад решетки: Уапсен актерот Сергеј Трифуновиќ

Читај повеќе
  • play_arrow

Лажен трејлер за новиот Џејмс Бонд доби милиони прегледи: Го сакаме него!

Читај повеќе

Роберт де Ниро откри кои му се најомилените актери на сите времиња

Читај повеќе