Полска 2016: Македонија пред важен испит со Норвешка

Македонската ракометна репрезентација, денеска ќе го одигра вториот натпревар во Групата 1 на Европското првенство во Полска. Противник на „црвено жолтите“ ќе биде Норвешка, селекција која е најпријатно изненадување на овој континентален шампионат.

Македонија, во овој натпревар влегува по тешкиот пораз од Хрватска (24:34), додека Норвешка на општо изненадување славеше над Полска и остана во игра за пласман во полуфиналето.

Натпреварот со Хрватска, дефинитивно беше најлошиот на оваа генерација во изминатите неколку години. Поради тоа паузата од четири дена добро им дојде на избраниците на селекторот Обрван за да ги наполнат „батериите“ и да ја разработат тактиката со која ќе им се спротивстават на Скандинавците.

Мотив повеќе за ракометарите ќе биде и фактот што Норвешка може да им го загрози пласманот на квалификациите за ОИ во Рио де Жанеиро.

Во овој момент Македонија има обезбедено настап на квалификациски турнир, но доколку Норвешка стане европски првак или, пак, во финалето игра против Франција, тогаш тие ќе играат квалификации за ОИ.

Норвешка, во многу нешта игра сличен ракомет како и Хрватска, цврста одбрана со брза транзиции и многу шутеви од надворешните позиции. Доколку сака позитивен резултат Македонија ќе мора да игра трпеливо во нападот, со минимум технички грешки, со што би била спречена брзата транзиција на противникот. Одбраната мора да биде цврста, постојано да се излегува на норвешките бекови, а свој ден ќе треба да имаат и голманите, кои не се прославија на последните две средби.

Дуелот Македонија-Норвешка ќе започне во 18:15 часот, а потоа во групата ќе играат Полска и Белорусија.

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Ракомет

РФМ ќе ги награди сениорските селекции ако се пласираат на СП и ЕП

Read more

Македонските ракометари добија лесна група во квалификациите за ЕП

Read more

РК Пролет реагира на судењето: Криминалното судење против Пролет мора да запре

Read more

Ракометарките убедливо поразени од Шпанија

Read more
 

Спорт

Милан сака да се засили со братот на Турам

Читај повеќе

Се побуни и Николов: Разочаран сум поради односот на селекторот Милевски

Читај повеќе

Канаваро: Наполи би го водел бесплатно, ама Де Лаурентис не ме бара

Читај повеќе

Дани Алвес откако излезе од затвор веднаш направи забавa славејќи до изгрејсонце

Читај повеќе

Шпанците откриваат кога Модриќ заминува од Реал

Читај повеќе

Родри една година не доживеал пораз

Читај повеќе

Меси: Ќе се пензионирам кога ќе престанам да уживам во играта

Читај повеќе

Фудбалот во втор план: Стадионот на Фулам ќе има ложи со базен

Читај повеќе
  • play_arrow

Мхитарјан - фудбалерот полиглот со завршени два факултета

Читај повеќе