Музика

Помалку познати факти што треба да ги знаете за Еминем

1. јули 2014 - 16:52 | М.Т.

Маршал Метерс или попознат по своето уметничко име - Еминем (41) е човекот чие име го знаат дури и оние кои не се љубители на рапот. На почетокот од 21-от век, неговите песни владееја на топ листите, но воедно покажа дека може да создаде квалитетна музика во континуитет. Овој рапер кажа што не е во ред со поп културата, колку пател во неговиот приватен живот и направи со него да се поистоветат огромен број луѓе.

Бил малтретиран како дете

Кога имал девет години, Еминем бил мета на училишните насилници. Во тоа време тој бил малото слабо дете кое го задевале често и малтретирале. Поради еден конкретен напад Еминем една недела завршил во кома. Некое многу поголемо дете го претепало толку лошо што тој после тоа имал последици како главоболки, повремено губење на видот и слухот, кошмари. Инцидентот Еминем го опишал во песната „Brain Damage“.

Сакал да стане цртач на стрипови

Пред да му се појави желбата да стане рапер, Еминем сакал да стане цртач на стрипови. Можеби затоа во неколку негови видеа ќе најдете анимации. Првата рап песна што ја слушнал била Reckless на Ајс Ти, а дефинитивно одлучил да стане рапер кога ги слушнал Бисти Бојс.

Мајка му ќе починела при породувањето

Ништо не било лесно во животот на Еминем, па ни неговото раѓање. Мајка му Деби имала само 17 години кога го родила, а породувањето траело 73 часа. Практично биле на работ помеѓу животот и смртта.

Хуманитарна активност

За разлика од многу личности од светот на шоу бизнисот, Еминем нема да го чуете како се фали со своите донации, а сепак е доста активен на тоа поле. Тој има фондација која со парите им помага на деца кои имаат потешкотии во развојот, а воедно донира во организации кои обезбедуваат храна за оние кои немаат средства да си купат.

Живот во сиромаштија

Пред да стане познат, Еминем бил на дното. Сиромаштијата е нешто за што често рапува во своите песни и случките кои ги опишува се вистинити. Живеел во место во кое повеќето биле афро-американци и често бил мета на грабежи. Многу пати се враќал дома без чевли, затоа што му ги земале.

Тужбата на мајка му

Проблематичната врска со мајка му е нешто што им е познато на сите кои ги слушале неговите песни. Таа отиде дотаму што го тужеше за 10 милиони долари поради навредите и недоличниот јазик што го употребил против неа во песните. Сепак, доби едвај 2.000 долари како оштета.

Актерство

8 Mile како филмско остварување се покажа навистина успешно. Но, дали сте знаеле дека Еминем требало да ја толкува главната улога во научно-фантастичниот филм Elysium? Тој ја одбил улогата и таа отиде кај Мет Дејмон.

Зависности

Еминем долги години се бореше со зависностите што како што вели и самиот, за малку ќе го чинеле живот. Еден од луѓето кои му помогнаа да го надмине тој период е Елтон Џон, кој 18 месеци бил покрај него како поддршка додека комплетно се исчистил и ги оставил зависностите зад себе.

Блиц факти

-Голем обожавател е на South Park, особено на ликот Картмен.

- Има сопствена радио станица.

- Неговите песни се употребени во над 20 филмови.

- Помеѓу неговите омилени филмови се наоѓаат Scarface и The Matrix.

-Кога Доктор Дре за прв пат го запознал Еминем, тој бил облечен во светло жолти тренерки кои ги добил од спонзор бидејќи немал пари да си купи облека. Доктор Дре изјави дека му личел на банана кога го видел.

- Кога се прославил купил куќа која морал за кратко време да ја продаде затоа што обожавателите скокале во неговиот базен и се појавувале на патеката во дворот.

- Ако некој сака да потпише договор со Shady Records мора да влезе во рап битка со него.

Коментирај