Избори 2016

Попоски: Ќе изградиме 100 нови градинки

5. декември 2016 - 18:33 | Макфакс

Изградба на 100 нови градинки во Република Македонија, како и реконструкција и проширување на 40 постоечки, најави денеска Никола Попоски, носител на ИЕ 1.

„Со ова ќе се обезбеди капацитет за над 18.000 дечиња кои скроз можат да бидат згрижени во институциите за пред училишна возраст. Воедно изградбата опфаќа и пет нови градинки на територија на Кисела Вода, четири во Аеродром и Центар и три во Карпош, а градинки ќе бидат изградени и во Сопиште, Студеничани, Драчево, Бардовци и Македонски Брод“, истакна Попоски. 

Коментирај