Претседателката на Демократската обнова за Македонија (ДОМ), Лилјана Поповска се откажа од добитното место на пратеничките листи на СДСМ и на здружената опозиција и своето место го препушта на друг, помлад кадар, а таа ќе се премести на некое друго место кое не гарантира пратенички мандат.
„Одлучив да се откажам од добитната позиција на пратеничките листи, за да покажам што ми е приоритет. Уште денес ќе му предложам на Извршниот одбор, а потоа и на Централниот одбор на ДОМ да ја прифати мојата одлука и моето образложение. За ова ќе го известиме секако СДСМ како коалиционен партнер. ДОМ има одлични кадри и сигурна сум дека на тоа место ќе влезе личност која доследно ќе се бори за демократските принципи“, изјави Поповска на прес конференцијата денеска.