Попуштете ги звучниците: Болидот на Lamborghini на стазата Нирбургринг
Беше најбрз на стазата, а потоа стигна Porsche 911 GT2 RS. Сеедно, Lambo Huracan Performante е роден за на стазата, а ќе остане запаметен како еден од најбрзите што некогаш се појавиле на овој „свет асфалт“.
Со време од 6:52.01 беше побрз од Aventador SV, па дури и од Porsche 918. Porsche 911 GT2 RS ја презеде титулата најбрз со нешто помалку од пет секунди пократко време од во вториот круг, а потоа стигна Aventador SVJ и „го помести тлото“ под германскиот болид.
Неговото време е 6:44.95.
Да се вратиме на Huracan Performante кој дечките од SportAutо го повозија на стазата Нирбургринг. Фабричкото издание се покажа одлично, а атрактивното возење може да го видите во видеото. Не заборавајте да ги попуштите звучниците. Вреди!