Љубов и секс

Поради која причина жените би го оставиле партнерот?

22. февруари 2013 - 11:34 | М.Т.

Каква претстава имаат жените за мажот со кој би останале целиот живот? Физичките карактеристики настрана, нив најважна работа им е да си немате проблеми со пари и кредити.

Критериумите се менуваат со времето, а мажите кои се сингл треба сериозно да подразмислат за својата финансиска состојба, затоа што последните анкети велат дека на жените им е важно човек да умее разумно да се однесува со парите.

Дури 55% од жените би го оставиле својот партнер кога би дознале дека тој има голем минус во банка на својата сметка, а 70% од нив сметаат дека криењето на долгот на кредитната картичка е причина за прекин на врската. Исто, така 70% од жените би го оставиле својот партнер ако нередовно си ги плаќа сметките, а во ист процент жените би оставиле партнер кој има било какво криминално минато.

На жените им е важно какви се финансиските навики на партнерот и 57% од нив би сакале да ги откријат пред да се впуштат во врска со нив.

Се смета дека ваквите проценти се должат на тоа што жените уште гледаат на мажот како личност која го прехранува семејството.

 

Коментирај