Тенис

Поради повредата, Ѓоковиќ ќе треба да оди на операција

11. септември 2019 - 9:16 | М.С.

Новинарот на New York Times, Кристофер Клареј, објави информација дека првиот тенисер на светот, Новак Ѓоковиќ, поради повреда на рамото можеби ќе оди на операција и дека оваа повреда е многу посериозна отколку што изгледа.

Ѓоковиќ во осмина финалето на овогодинешниот УС Опен го предаде мечот на Стан Вавринка откако имаше повреда на левото рамо. Иако оваа повреда не делуваше сериознo, српскиот тенисер можеби ќе оди на операција или евентуално подолго време ќе биде на рехабилитација.

Новинарот Кристофер Клареј откри две можности кои ги има првиот тенисер на светотот.

„Ѓоковиќ може да отсуствува подолго време ако се востанови дека неговата повреда треба да се санира со операција, односно дека рехабилитацијата може да трае подолго“, напиша новинарот.

Ѓоковиќ моментално се наоѓа во Швајцарија, каде на една клиника се лечи од повредата со која се здоби на мечот, а според неговите зборови тој сака да се врати на терен до крај на сезоната.

Коментирај