Поранешен европски првак втрча гол на терен
Ларс Елструп кој беше член на шампионската генерација на фудбалската репрезентација на Данска од 1992 година, повторно се наоѓа во центарот на вниманието, но овој пат поради инцидентот што го направи во текот на мечот помеѓу Рандерс и Силкеборг.
Минатиот викенд во второто полувреме од споменатиот меч, 53-годишниот напаѓач втрча потполно гол на терен, а по неколку провокации обезбедувањето го тргна од теренот.
Елструп повторно ја згрози јавноста, а според данските локални медиуми, не му е прв пат да го направи ова. Исто така, во неколку наврати се обидел да изврши и самоубиство.