Филм & ТВ

Pornhub: Корисниците бараат порно со Џокерот

17. октомври 2019 - 12:51 | А.С.

Филмот „Joker“ со Хоакин Феникс во главната улога на Артур Флек, односно Џокерот, од премиерата наваму собира сѐ повеќе добри критики од публиката и филмските критичари.

Покрај добрите критики, има и некои кои сметаат дека филмот на режисерот Тод Филипс е премногу насилен и ги глорифицира насилството и психичките проблеми.

Популарноста на филмот и ликот се пресликаа и во малку неочекувани сфери, вклучувајќи ја порнографијата.

Онлајн платформата за порнографски содржини Pornhub откри дека имало 741.000 пребарувања за содржини „Joker“, откако филмот почна да се прикажува во кината во почетокот на месецов.

Според податоци на Pornhub, последниве денови сѐ повеќе луѓе го пребаруваат поимот „Џокер“ барајќи порно содржини.

Само во неделата, зборот бил пребаран 291.628 пати на порнографската страница. За четири дена, тој број изнесувал 741.000.

Порнографијата често ги одразува културните трендови, па дури и филмовите и видеоигрите.

На пример, Харли Квин - ликот на Марго Роби во „Suicide Squad“ - лани имаше повеќе од 10 милиони пребарувања на Pornhub.

Порнографијата ја рефлектира и политиката. Во 2018 година, на оваа порно страница Доналд Трамп е пребаруван 300.000 пати, во просек – околу 822 пати на ден, но првата дама на САД Меланија Трамп двојно го надмина сопругот во пребарувања.

Неговата наводна љубовница, порно ѕвездата Сторми Даниелс, пак, која стана популарна по наводната афера со Трамп, беше апсолутна шампионка за 2017 година.

Според најголемата база на податоци од областа на филмот, IMDb, не постои порнофилм со ликот на Џокер.

Коментирај