Претседателската кампања на американскиот републикански сенатор Том Круз ќе остане запаметена по непријатното сознание дека на неговиот последен пропаганден спот учествувала порно актерката Ејми Линдзи.
По објавувањето спотот набргу бил повлечен од прикажување поради тоа што во него учествувала порно актерка. Иако Ејми Линдзи претходно се има појавувано во американски ТВ-серии како Star Trek и Pacific Blue, во нејзината филмографија исто така стои дека глумела и во софт порно филмови.
Од канцеларијата на Круз велат дека минатото на актерката не било анализирано, а истата успешно ја минала аудицијата. Но, сега Круз се најде на цел на критичарите не поради ангажирањето на Линдзи, туку поради отстранувањето на спотот, означувајќи го како дискриминација на една личност поради нејзиното минато.