Porsche 911 GT3 RS заигра на мразот во Финска
Автомобилскиот гигант Porsche на официјалниот YouTube канал објави видео во кое може да се види „танцот“ на моделот 911 GT3 RS на снегот и мразот во Финска.
Видеото го прикажува Porsche 911 GT3 RS како дрифта на замрзнатото езеро и тоа навистина изгледа грациозно. Неговиот моќен мотор му овозможи со стил да се движи по патеката, да ги совладува предизвиците, а притоа и да испушти фантастичен звук.