Porsche ја прошири понудата на моделот 911 со верзијата GTS, а првите примероци во продажните салони ќе стигнат во март. Новиот модел има засилен 3.0 литарски турбо мотор со 6 цилиндри, кој испорачува 450 коњски сили и 550Nm максимален вртежен момент.
За преносот на силата на двете оски е задолжен PDK менувачот со две спојки и 7 брзини.
Овој модел во стандардната опрема има адаптивна амортизација (PASM - Porsche Active Suspension Management), но и Sport Chrono пакет.
Автомобилот се одликува со затемнети куќишта на предните и задните светла, посебни 20-инчни црни тркала, поголем заден спојлер и црни двојни завршетоци на издувниот систем.
Темната внатрешност е обложена со комбинација од кожа и алкантара.
Porsche 911 GTS забрзува од 0-100 километри на час за 3,6 секунди и развива максимална брзина од 312 километри на час, а купувачите ќе можат да бираат меѓу три различни изведби - купе, кабрио и тарга.
Автомобилот премерно беше претставен на автомобилскиот саем во Детроит, а првите купувачи своите примероци ќе можат да ги добијат на почетокот на март.