Македонија

Посебен сообраќаен режим за време на манифестацијата за Водици

18. јануари 2019 - 12:04 | МИА

Скопје, 18 јануари 2019 (МИА) –  Посебен режим на сообраќај во центарот на Скопје и во општините Ѓорче Петров и Аеродром ќе биде воведен утре, 19 јануари, за време на одбележувањето на празникот Богојавление – Водици, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Од 10 часот до завршувањето на манифестацијата во центарот на Скопје за сообраќај ќе бидат затворени ул. „Филип Втори“ до бул. „Гоце Делчев“ и ул. „Кеј Ноември“ до бул. „Кочо Рацин“.

Во општината Ѓорче Петров од 10 часот ќе бидат затворени сообраќајницата од црквата „Свети Петар и Павле“ десно по бул. „Партизански одреди“, десно по ул. „Ѓорче Петров“, лево по ул. „Васил Чакаларов“, како и од црквата „Свети Пантелејмон“ по ул. „Демир Трајко“ и лево по ул. „Васил Чакаларов“ до Железничкиот мост на  Вардар.

Во општина Аеродром од 10 часот за сообраќај ќе биде затворен локалниот пат кон село Лисиче.

Министерството за внатрешни работи апелира граѓаните  да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници.

Коментирај