Живот

Посебни кревети за среќен брак

10. јули 2017 - 12:57 | Л.Е.

Никаде не пишува, но изгледа општеството наложува брачните парови да ја делат постелата. Експертот за врски Габриела Морисеј вели дека брачните двојки кои спијат во посебни кревети се посреќни од кога спиеле заедно.

Постојат различни причини поради кои брачните двојки одлучуваат да спијат посебно, но главната причина е добро да се наспијат. „Сонот е исклучително важен за вашето здравје и ако страдате од ненаспаност тоа ќе се одрази и на вашата врска“ предупредува Морисеј.

Повеќе од половина партнери изјавиле дека сакаат да спијат со својот партнер, но подобро се наспиваат кога се сами во кревет, а Морисеј тврди дека „спиењето во друг кревет не значи дека не го сакате партнерот“.

Општеството и понатака ја осудува оваа навика и затоа многумина партнери не го споделуваат фактот дека не спијат заедно, но тоа што тие не заспиваат во ист кревет не значи дека не се интимни и немаат секс. Напротив, здраво наспаните партнери повеќе уживаат и иницираат секс.

Она што е најважно во една врска е и двајцата партнери да го прифатат овој стил на живот со цел ниту еден од нив да не биде повреден.

Коментирај