Овој десерт се подготвува лесно, а еве што ви е потребно.
Состојки:
Четири големи јаболка
100 гр. oреви
4 лажици мед
1 лажичка суво грозје
1 лажичка цимет
Начин на подготовка:
Исечете го врвот на јаболкото, потоа со лажица извадете го средишниот дел. Оревите исецкајте ги ситно и промешајте ги со суво грозје, па наполнете ги јаболката. Наредете ги во длабока тава, налијте малку вода и печете околу 15. минути. Откако ќе се изладат, наредете ги на чинија. Секое од јаболката прелијте ги со лажица мед и наросете малку цимет.