Посен похуван ослич во маринада од лимон и зачини

За оваа популарна риба има вкусен посен рецепт со маринада која му дава арома.

Посниот похуван ослич се прави со маринада од лимон, масло, сол, суви билки, бибер и црвена пипер. 

Потребни состојки:

  • 2 кг ослич

за маринадата:

  • 150 мл масло
  • 3 лимони
  • сол
  • бибер
  • мешавина од суви мелени зачини
  • мелена црвена пипер

за похување:

  • 5 лажици пченкарно брашно
  • 5 лажици пченично брашно

Подготовка:

Прво исчистете го и измијте ја рибата, па исечете ја на парчиња. Тргнете ја на страна за да ја направите маринадата. Во сад исцедете ги сите лимони и во него додајте ги сите потребни зачини, па добро измешајте. Секое парче риба натопете го во маринадата и наредете го во еден сад. Прелијте ја преостанатата маринада врз осличот. Покријте со фолија и оставете го во фрижидер најмногу 2 часа.

Измешајте го пченичното и пченкарното брашно, а потоа секое парче ослич превртете го во оваа смеса. Наредете ги парчињата ослич на плех покриен со хартија за печење.

Секое парче можете да го премачкате со малку масло по ваш избор, доколку сакате. Загрејте ја рерната на 180°C и печете ја рибата 15 минути. Извадете ги и свртете ги парчињата риба и печете уште 10 минути. Послужете и уживајте во посниот пржен ослич.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе

Дали сте подготвени за најмасовниот планински настан во регионот „Sparkasse Life Прв до врв“?

Читај повеќе