Посилни под притисок: Huawei има раст на продажбата од 23%

Кинески Huawei во првата половина од годината забележа двоцифрен раст на продажбата и покрај тоа што беше ставен на американската црна листа.

Првиот човек на компанијата Лијанг Ху денеска изјави дека кампањата на Вашингтон против кинескиот технолошки гигант „само го поттикна нашиот народ“.

Huawei веќе неколку месеци жестоко се бори да ја задржи високата пазарна позиција откако администрацијата на Доналд Трамп во мај ја блокираше продажбата на американските компоненти и технологија потребни за кинеската компанија, најголемиот светски производител на опрема за мобилна телефонија и втор најголем светски бренд за смартфони, по Samsung.

Продажбата претрпе извесни последици, но Huawei го избегна прекинот во испораката на смартфони, опрема за мрежите на мобилната телефонија и другите производи, изјави Лијанг Ху на прес-конференција.

Тој објасни дека Huawei оттогаш ја смени понудата на свои производи за да се обезбеди дека ќе може да ги испорача и без американските компоненти, доколку тоа се покаже за потребно.

„Притисокот на американската Влада на некој начин ни помогна подобро да ги сфатиме нашите цели. Тоа ја подобри соработката меѓу шест различни сектори на фирмата, го поттикна нашиот народ и ја засили нашата компанија“, рече Лијанг.

Во првите шест месеци од оваа година продажбата ни се зголеми за 23 отсто, на 401,3 милијарди јуани ( 8,3 милијарди долари), тврди Лијанг.

Тоа претставува раст во продажбата во однос на податоците од 2018 година кога беше забележен раст од 19,5 отсто, Но Лијанг предупредува дека Huawei „во втората половина од годината уште ќе се соочува со тешкотии во работењето“.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе