Земјотрес со магнитуда од 1.9 степени според Рихтер се случи денеска во 13 часот и 20 минути во Скопје.
Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, регистрира земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.
Земјотресот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од III степени според Европската макросеизмичка скала.