Пост на вода - рецепт за вкусни посни плескавици

Првата недела од велигденскиот пост се поминува во пост на вода, а на луѓето секогаш им недостасуваат идеи за подготовка на вакви јадења.

По тој повод ви носиме одличен рецепт за посни плескавици на вода. Се прават од 3 вида снегулки, лук и булјон. Меки и сочни, овие посни плескавици ќе ве воодушеват уште при првиот залак.

Потребни состојки:

  • 1 кромид
  • 150 гр јачменови снегулки
  • 150 гр 'ржани снегулки
  • 200 гр овесни снегулки
  • 1 коцка за супа од зеленчук
  • 3-4 чешниња лук
  • 400 мл вода
  • 1 лажичка мелена пиперка
  • сол
  • бибер
  • блага пипер

Подготовка:

Во тавче на вода пропржете го ситно сечканиот кромид, а кога ќе омекне додадете толчен лук и сите снегулки. Сипете уште вода, па додадете ја коцката за супа. Зачинете по желба, сол, бибер и блага пипер се задолжителни, а по желба можете да додадете и други зачини, како и сусам. Гответе додека снегулките не омекнат и повремено проверувајте дали треба да се додаде уште вода.

Истурете ги состојките во блендер и добро измешајте. Обликувајте плескавици и наредете ги на плех обложен со хартија за печење.

Покријте со алуминиумска фолија и печете во загреана рерна на 220°C околу 20 минути. Потоа отстранете ја фолијата, прелијте со чаша вода и печете уште 10 минути.

Гарнирајте со зелена салата или некоја друга по ваш избор.

реклама

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Read more

Потврдено: Претседателот на Иран загина во пад на хеликоптер

Read more

Го донесе Југото во Америка, а сега претставува електричен автомобил за широките маси

Read more

Поразениот Фјури со тешка повреда во болница го испратил победникот Усик

Read more

Рецепти

5 најчести грешки кога правите пица дома

Read more

Лажна пица од тост леб готова за 10 минути

Read more

Печурки во кремаст сос од павлака и кашкавал

Read more

Рецепт за најдобрата Цезар салата со сардини

Read more
 

Магазин

Скриени симптоми на висок крвен притисок

Читај повеќе

Производи што не треба да се користат по истекот на рокот

Читај повеќе

Култното казино Mirage во Лас Вегас оди во историја

Читај повеќе
  • play_arrow

Зошто никогаш не треба да заспиете пред да полета авионот?

Читај повеќе

5 работи што мажите најмногу ги забележуваат кај жените

Читај повеќе

Храна што бебињата не треба да ја јадат

Читај повеќе

Кој дел од телото најчесто прв го губи салото?

Читај повеќе

Совршени совети за брзо и лесно чистење на домот

Читај повеќе

5 најчести грешки кога правите пица дома

Читај повеќе