Објавен е нов трејлер за филмот „Lion“, базиран според вистинита приказна. Дејв Пател ја толкува улогата на Сару, момче од Индија посвоено од австралиско семејство и одгледано во Австралија, откако било разделено од вистинското семејство.
Тој решава да се врати во Индија и да го побара семејството, мајката и братот. Во останатите улоги се појавуваат Руни Мара, Никол Кидман и Дејвид Венхем.
Премиерата е закажана за 25 ноември.
[jw: https://www.youtube.com/watch?v=ziOLGzKq6oo]