Потврдена уверливата победа на партијата на Путин

Партијата Единствена Русија на претседателот Владимир Путин надмоќно победи на неделните парламентарни избори која ѝ овозможува создавање двотретинско или уставно мнозинство, покажуваат првите официјални резултати објавени во понеделникот, меѓутоа нискиот одзив од околу 48 отсто од гласачите се толкува како слабеење на ентузијазмот кај владејачката партија, заситеноста на гласачите и апатија поради преслабата опозиција.

Изборите според новиот изборен систем за Државната Дума, долниот дом на рускиот парламент, во кој првпат од 450-те мандати пратениците се избираа половина на партиски листи а половината непосредно, минаа без проблеми во нарушувањето на гласањето и ја потврдија доминацијата на владејачката Единствена Русија и покрај тоа што земјата се соочува со најдолгата рецесија од појавата на политичката сцена на Владимир Путин. Според политичките аналитичари, тоа најверојатно се должи на разбирањето дека влошената економска состојба е предизвикана од надворешни фактори.

„Веќе можеме да објавиме со сигурност дека партијата обезбеди добар резултат. Ситуацијата е тешка, но луѓето и натаму гласаат за Единствена Русија“, изјави Путин по завршувањето на гласањето на државната телевизија.

Според резултатите по обработка на 93 отсто од избирачкиот материјал, Единствена Русија освоила 54,28 отсто од гласовите со што обезбедува 338 мандати во Думата. Според прелиминарните резултати, во Државната Дума ќе влезат вкупно шест партии, покрај досегашните четири парламентарни и партиите Родина и Граѓанска платформа.

Од досега присутните партии во Думата, Комунистичката партија на РФ (КПРФ) го освоила второто место со 13,45 отсто од гласовите, додека десно ориентираната Либерално-демократска партија на Русија (ЛДПР) е трета со 13,24 отсто, а Справедлива Русија освоила 6,17 отсто од гласовите. Другите партии не го минуваат петпроцентниот изборен праг, кој во настојувањата за демократизацијата на општеството беше за овие избори симнат од 7 отсто.

Покрај тоа Единствена Русија води и на изборите кои даваат по еден пратеник, и тоа во 203 окрузи, Справедлива Русија и КПРФ водат во седум, ЛДПР води во пет, а Родина и Граѓанска платформа водат во еден изборен округ, а во еден округ води и еден независен кандидат.

Премиерот Дмитриј Медведев изјави уверен дека неговата партија ќе освои „апсолутно мнозинство во Думата. Но иако вкупниот број освоени гласови за Единствена Русија ги надминува оној од 49 отсто на изборите во 2011 година, се забележува дека одѕивот бил слаб, особено во големите градови Москва и Санкт Петербург. Имено гласале 47,8 отсто од избирачите наспроти 60 проценти пред пет години.

Изборите минаа во период кога поддршката за претседателот Владимир Путин е 78 отсто, и се смета дека тој без проблеми уверливо би победил и на претседателските избори во 2018 година.

Резултатите, исто така, покажуваат дека таканаречените либералните опозициски групи кои се симпатизирани на Западот не освоија доволно поддршка за влез во парламентот, ниту партијата Јаблоко, ниту партијата Парнас којашто ја води поранешниот премиер Михаул Касајнов, кои дури забележаа и поразителни резултати, кои освоија под 2 отсто, дури помалку и од партијата Комунисти на Русија. 

реклама

Ќерката на Кетрин Зита-Џонс и Мајкл Даглас порасна во убавица

Read more

Младите Уругвајци го освоија Светското првенство, Италија не шутна на гол

Read more

Тошковски најави награди за вработените во полиција ако помогнат во надминување на кризата со издавање на лични документи

Read more
Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Времеплов: 150 години од Стоунхеџ

Read more

Свет

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Read more

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Read more

САД ставија вето на приемот на Палестина во ОН

Read more

Израел го нападна Иран, пристигна првото видео

Read more
 

Вести

Македонката Светлана Мојсов меѓу 100-те највлијателни личности во светот според магазинот Time

Читај повеќе

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Читај повеќе

Османи: Имало информации дека Израел го нападнал Иран, меѓутоа сѐ уште не се потврдени

Читај повеќе

Бојан Јовановски: „Рекет“ не е расчистен, Заев беше човекот што комуницира директно со сите

Читај повеќе

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Читај повеќе

Деловен партнер од Кремљ номиниран за Нобеловата награда за мир

Читај повеќе

Спречен атентат врз Зеленски

Читај повеќе

Паднаа акциите на Netflix

Читај повеќе

Дали Кина ја снабдува Русија со делови за производство на оружје?

Читај повеќе