Свет

Потврдено: Епстин извршил самоубиство со бесење

17. август 2019 - 13:34 | Б.С.Б.

Резултатите од аутопсијата на милијардерот Џефри Епстин покажале дека смртта настанала како резултат од бесење. Официјалниот извештај за смртта ќе биде објавен денеска, пренесува Reuters.

Washington Post вчера објави дека аутопсијата покажала дека вратот на Епстин е скршен на повеќе места. Епстин беше пронајден мртов во неговата затворска ќелија во Њујорк каде чекаше судење за трговија со луѓе и сексуална злоупотреба.

Американскиот милијардер претходно беше под надзор поради сомнежи дека може да изврши самоубиство, по што беше пронајден мртов со модрици на вратот.

Неговата смрт предизвика шпекулации на интернет за евентуално убиство и различни теории на заговор. Медиумите претходно пренесуваа дека милијардерот се дружел со богати и моќни луѓе како американскиот претседател Доналд Трамп, Бил Клинтон, британскиот принц Едвард и други.

Во обвинувањата кон Епстин е наведено дека тој има намамено десетина малолетнички во неговите луксузни куќи каде им плаќал за сексуални услуги.

Коментирај