Повредени 10 градежни работници во Куманово

Куманово, 30 октомври 2019 (МИА) – Десет работници се повредени при изведување на градежни активности на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „АВНОЈ“ во Куманово, информираат денеска од Општата болница Куманово, а случајот го потврди и СВР Куманово.

Повредените работници се  префрлени во кумановскиот Ургентен центар и од нив двајца, според директорката на болницата Снежана Захариева, се префрлени на Ургентен центар на скопските клиники.

-На останатите работници им се пружа помош во кумановската Општа болница. Се вршат испитувања и  нивната здрвствена состојба и понатаму ќе се следи, изјави директорката Захариева.

Од десетте повредени градежни работници во Куманово, двајца се во критична состојба и веднаш се префрлени во Ургентниот хируршки центар во Скопје, други двајца се здобиле со тешки повреди, но не се во животно-загрзозувачка состојба, а останатите се стабилни и се задржани во кумановската болница, информираа надлежните од болницата.
 
Работниците се повредиле додека извршувале градежни активности претпладнево на локација на улиците „Васко Карангелевски“ и „Авној“ во Куманово, во населбата „Зелен Рид“ додека изведувале градежни активности помеѓу мрежи од арматури.
 
Претходно, директорката на болницата, Снежана Захариева, информираше дека двајцата потешко повредени веднаш по прегледите на кумановскиот ургентен центар, со комплетна медицинска екипа се префрлени во Скопје, а останатите беа задржани во кумановската болница каде им се пружаше помош.
 
Случајот го потврдија од СВР Куманово и нивни екипи вршат увид на местото на несреќата, како и од обвинителството од каде велат дека локацијата е обезбедена и се прибираат и вештачат траги кои можат да помогнат за утврдување на причините за несреќата. 

Од СВР Куманово потврдија дека кај нив е пријавен случај дека има повредени градежни работници и информираа дека екипите се на терен и вршат увид.

реклама

Што ќе им донесе сезоната на Бикот на сите хороскопски знаци од 19 април до 20 мај?

Read more

Зошто треба прво да се испржи меленото месо, па потоа да се додаде кромид?

Read more

Зошто Александар Македонски не го нападнал Рим туку одел само на исток?

Read more

Најнеобичните цвеќиња што може да се видат на Земјата

Read more

Хроника

Приведено уште едно лице за кражбата на сефот во Црниче

Read more

Детали за кражбата на сефот во скопско Црниче: 23-годишник е еден од осомничените

Read more

Украле сеф од менувачница во Чаир и побегнале со возило без таблички

Read more

Маж ја нападнал поранешната сопруга на работното место, па ѝ се заканувал со нож

Read more
 

Вести

Силјановска-Давкова учествуваше на одбележувањето на 76-годишнината од прогонството на Македонците од Егеј

Читај повеќе

Бројот на палестинските жртви во Појасот Газа надмина 34.000

Читај повеќе

МАИ ги додели наградите за изданијата меѓу два Саеми на книга

Читај повеќе

Ерменија се согласи да врати делови од својата територија на Азербејџан

Читај повеќе
  • play_arrow

Апасиев од Титов Велес: Сиромашниот Албанец ни е поблизок од Кочо Анѓушев

Читај повеќе

Во вторник предизборен молк, до тогаш продолжува презентацијата на изборните програми

Читај повеќе

Пендаровски: Понудата на Мицкоски за коалицирање е знак на слабост

Читај повеќе
  • play_arrow

Силно невреме со поплави во Грција, Волос без струја

Читај повеќе

Големи експлозии во база на проиранската милиција во Ирак

Читај повеќе