Интернет

Повторно е активен еден од најпопуларните торент сервиси

21. декември 2016 - 12:35 | Д.П.

Поголемиот дел од оригиналниот тим на KickAss торент сервисот повторно се обедини и ја „оживеа“ популарната страница. Работата на овој сервис беше прекинат пред неколку месеци, откако лидерот на сервисот, Артем Ваулин беше приведен во Полска, а сите сервери беа запленети.

Сепак, KickAss продолжи да функионира под разни домени, но сите тие беа само копии на оригиналната страница. Сега обновениот KickAss торент сервис го задржа познатиот изглед и има нова база на податоци.

„Поголемиот дел од оригиналната екипа на KickAss повторно се собра и многу сме горди на тоа. Тоа покажува лојалност, посветеност и вистинска љубов кон нашиот проект“ - велат членовите на тимот на KickAss, за порталот TorrentFreak.

Покрај тимот, на сервисот се вратија и големпите аплоудери кои ќе продолжат редовно да објавуваат пиратски содржини.

Коментирај