Свет

Повторно масовни протести во Хонгконг

14. октомври 2019 - 20:48 | Кајгана/МИА

Хонгконг, 14 октомври 2019 (МИА) – Десетици илјадници продемократски демонстранти повторно се собраа денеска во центарот на Хонгконг, барајќи поддршка од меѓународната заедница, посебно од САД.

– Упатуваме итен повик до меѓународната заедница да нè поддржи, нема друго решение, повика 24-годишната студентка Чун, учесничка на собирот.

Демонстрантите побараа од американските законодавци да донесат закон со кој ќе се дозволат санкции за кинеските лидери.

„Законот за човекови права и демократија во Хонгконг“, кој се очекува оваа недела да го изгласаат американските конгресмени, предвидува годишна проценка на посебниот статус кој САД му го дава на Хонгконг во однос на трговијата, а би можел да вклучи и санкции за кинески функционери. 

Коментирај