Повторно земјотрес во Скопје

Уште еден земјотрес ги вознемири скопјани попладнево, со јачина од 3.7 степени според Рихтер, јавува страницата EMCS-CSEM. 

Земјотресот е на 5 километри длабочина на 9 километри северо-источно од Скопје, а се случи во 14:19 часот.

Овој земјотрес се почувствува посилно од тој околу пладне, кој имаше јачина од 2.3 степени според Рихтеровата скала, а се случи по серијата посилни земјотреси, кои го потресоа главниот град во неделата.

Телеметриската сеизмолошка мрежа на Република Македонија, со станици во Скопје, Штип, Валандово, Битола, Охрид и Крушево, одржувана од Сеизмолошката опсерваторија при Природно-математичкиот факултет во Скопје, во понеделник, на 12.09.2016 год., регистрира слаб земјотрес од источниот дел на скопското епицентрално подрачје.

Овој земјотрес се случи во 11 часот и 50 минути, со Рихтерова локална магнитуда 2.3. Истиот беше почувствуван во Скопје и околината со интензитет од IV степени според Европската макросеизмичка скала, соопштија од Сеизмолошката опсерваторија во Скопје.

Утрово се почувствувани десетина послаби земјотреси, со јачина од 2 до 2.5 степени, по синоќешниот од 20:57 часот.

Според сеизмолозите, нема место за паника, а земјата се уште се тресе по вчерашните два посилни земјотреси, кои скопјани ги извадија надвор од дома.

 

реклама

Зошто треба да ставите алуминиумска фолија зад рутерот?

Read more

Едноставен и брз метод: Белите патики повторно ќе изгледаат како нови

Read more

Голем месечен хороскоп за април 2024: Ретрограден Меркур им ги мрси конците на неколку знаци

Read more

Како е поврзано пиењето кафе со ракот на дебело црево?

Read more

Македонија

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Read more

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Read more

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Read more

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Read more
 

Вести

Донесено упатство за радиодифузерите за претседателските и парламентарните избори

Читај повеќе

Три лица искасани од кучиња скитници во Скопје

Читај повеќе

Петровска: Судот донесе одлука дека Ковачки неправедно ме клеветел

Читај повеќе

Тешка сообраќајна несреќа во Кичево: 3 млади лица го загубија животот, има и тешко повредени

Читај повеќе

Денеска се отвора Џевахир Мол Скопје во Аеродром

Читај повеќе

Притвор од 48 часа за две лица кои се задржани по убиството на лекарот во Железара

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Нашата идна Влада ќе спроведе ограничување на маржите на лековите и проширување на позитивната листа за бесплатни лекови

Читај повеќе

Силен земјотрес ја погоди Бугарија

Читај повеќе

Израел ја нападна Сирија: 38 загинаа во Алепо, меѓу кои и членови на Хезболах

Читај повеќе